.

.

Monday, May 25, 2015

ПОСЕТА НА САЕМОТ НА КНИГАТА

Како и секоја година, така и оваа година, учениците од ООУ ,, Тихомир Милошевски заедно со наставничките по македонски јазик Гордана Менкиноска и Тања Крстевска и по англиски јазик Љубица Тримоска, го посетија 27-тиот, по ред САЕМ НА КНИГАТА 2015. САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата, обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Учениците и наставничките имаа можност да ги следат промоциите на најновите изданија на голем број домашни и странски издавачки куќи и да се запознаат со некои автори. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.



Sunday, May 3, 2015

ПОСЕТА НА ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“, СКОПЈЕ

На ден 30.04.2015г. учениците од 5а и 5б одделение заедно со наставничките Вера Костоска,  Даниела Сарафимова  и наставничката по англиски јазик Вецка Спасова реализираа посета на ЈП  Паркови и зеленило, Скопје.
           Целта беше учениците да се запознаат со  различните видови растенија особено цвеќиња,  да дознаат информации за нивното произведување и намена, да развијат љубов кон растенијата,  да стекнат познавања за нивните називи на англиски јазик а воедно и да се запознаат со дејноста и местоположбата на јавното претпријатие Паркови и зеленило. Учениците беа презадоволни со тоа што го видоа и дознаа за време на посетата и пројавија интерес поставувајќи им прашања на вработените кои пак несебично и стручно им пренесоа на учениците дел од своите знаења.













ПОСЕТА НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

На ден 30.04.2015г. учениците од 4а, 4б, 5а и 5б одделение заедно со наставничките Емилија Цепевска, Марија Л. Ѓорѓиевска, Вера Костоска, Даниела Сарафимова  и наставничката по англиски јазик Вецка Спасова реализираа посета на Зоолошката градина  во Скопје.
           Целта беше учениците да се запознаат со  различните видови животни,  да дознаат информации за нивниот начин на живот и карактеристики, да развијат љубов кон животните,  да стекнат познавања за нивните називи на англиски јазик а воедно и да се дружат и рекреираат со соучениците надвор од училишните клупи. Учениците беа презадоволни од посетата и пројавија интерес повторно да ја посетат Зоолошката градина.