.

.

Thursday, April 30, 2015

Државен натпревар на млади техничари и природници

На 18.04.2015 година, во ООУ ,, Благој Кирков - Велес се одржа 52-от Државен натпревар на млади техничари и природници. На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта од државата кои се натпреваруваа во повеќе од 20 дисциплини. Меѓу нив беа и учениците од ООУ ,, Тихомир Милошевски , предводени од менторите Зоран Стаменковиќ и Александра Петковска и психологот на училиштето Ирена Мирческа. Како на Регионалниот натпревар, така и на Државниот натпревар на млади техничари, учениците од ООУ ,, Тихомир Милошевски беа меѓу најуспешните натпреварувачи освојувајќи по неколку златни, сребрени и бронзени медали.

СООБРАЌАЈНО МОДЕЛАРСТВО
1 МЕСТО: Росана Тошевска
ВОЗДУХОПЛОВНО МОДЕЛАРСТВО
1 МЕСТО: Виктор Трпевски
3 МЕСТО: Ангела Дукоска
РАДИОТЕХНИКА
1 МЕСТО: Слободанка Трајковска
2 МЕСТО: Анастасија Тадиќ
АГРОТЕХНИКА
2 МЕСТО: Росана Дабевска
АВТОМАТИКА
3 МЕСТО: Никола Дамјановски
РАКЕТНО МОДЕЛАРСТВО
3 МЕСТО: Петар Ристевски
ГРАДЕЖНИШТВО-АРХИТЕКТУРА
4 МЕСТО: Ѓорѓи Ташковски
ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
6 МЕСТО: Жарко Младеновски
КОНСТРУКТОРСТВО

8 МЕСТО: Ѓоре Стојанов





















Monday, April 27, 2015

УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

Под менторство на наставничката Анета Божиновска, учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“ учествуваа на вториот регионален натпревар по Биологија оддржан на 25.04.2015. 
Учениците ги постигнаа следните резултати:
  1. Ангела Андревска, VII 2ро место
  2. Јелена Стојмановиќ VII 3то место
  3. Дајана Крстеска VII и Тамара Конева  3то место
  4. Емилија Василевска VII 3то место
  5. Ива Панчевска VII 3то место
  6. Матеја Стојановиќ  VIII - пофалница
  7. Ивона Спировска VII- пофалница
  8. Матеј Миновски VII - пофалница 

Monday, April 20, 2015

Реализирана претстава на учениците од Средното Музичко Балетско училиште ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“

На ден 17.04.2015 год во просториите на ООУ ,, Тихомир Милошевски “ се реализира претстава на учениците од Средното Музичко Балетско училиште ДМБУЦ ,, Илија Николовски – Луј “, на кое посетители беа учениците од VIII и IX одделение. Учениците направија презентацијата на образовниот профил ,, Традициски играч – пејач ”. На претставата  учениците имаа можност да видат изведба на традиционални македонски ора, како „Копачка“ кое е запишано во репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство за нашата татковина во УНЕСКО. Исто така беа презентiрани и песни во изведба на средношколците, пропратени со традиционални инструменти, кои се обележје на традицијата и заедништвото на Македонскиот народ. По музичката изведба следуваше дискусија околу народните инструменти и народните ора, кои се дел од нашето минато кое продолжува да се негува и понатаму.
http://www.opstinagpetrov.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3447:prestavav&catid=1:novosti

РЕГИОНАЛEН НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

На ден 18.04.2015г.  во ОУ „Лазо Ангеловски“, нас. Аеродром, се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик за 5-то и 9-то одделение во организација на  Здружението на наставници по англиски јазик на Р. Македонија, ЕЛТАМ. На натпреварот  учествуваа  учениците Јована Котевска (5 а одд) и Петар Колевски (5б одд.) менторирани од наставничката по англиски јазик Вецка Спасова. Учениците имаа можност да се запознаат, дружат и натпреваруваат со другарчиња од  основните училишта од целиот скопски регион додека наставничката беше вклучена во прегледување на тестовите од учениците од 9 одд. со што придонесе за реализацијата на натпреварот.  Иако учениците не се квалификуваа за државниот натпревар, се збогатија со едно ново искуство и се мотивираа за понатамошно усовршување на англискиот јазик. Резултатите од натпреварот може да се видат на следниот линк:





Wednesday, April 8, 2015

ПОСЕТА НА АМЕРИКАНСКОТО КАТЧЕ ВО СКОПЈЕ

На ден 08.04.2015г. триесетина ученици од 6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение заедно со наставничките по англиски јазик Трајанче Воинова, Вецка Спасова и Љубица Тримоска реализираа посета на Американското катче во Скопје. Целта беше учениците да се запознаат со придобивките од членството во ова катче како и активностите кои се организираат.  Волонтерката од мировните сили во Македонија, Кејти Бурк, организираше интересна игровна активност за учениците – предизвик за цртање со превез,  која беше прифатена од учениците со голем ентузијазам. Учениците беа мотивирани да ги применат стекнатите комуникациски вештини на англиски јазик, да научат нови зборови  и да се забавуваат цртајќи вонземјани, небо, членови од семејството, животни на фарма итн. со превез на очите. Учениците беа презадоволни од посетата и пројавија интерес да се зачленат и почесто да го посетуваат ова катче.











Sunday, April 5, 2015

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА 5 ОДДЕЛЕНИЕ

На ден 04.04.2015 год. во организација на Асоцијацијата на наставниците по англиски јазик од Македонија – ЕЛТАМ, во ОУ „Блаже Конески“ нас. Аеродром се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за учениците од 9 –то  одд.  кој  за првпат оваа година се организираше и за учениците од 5-то  одделение.

На овој натпревар учествуваа учениците Петар Колевски од 5б одд. и Јована Котевска од 5 а одд  од  ООУ„Тихомир Милошевски“.  Учениците ги менторираше наставничката по англиски јазик Вецка Спасова која воедно беше вклучена во прегледувањето на тестовите за 9-одд со што придонесе за непречено и успешно реализирање на натпреварот. Учениците беа високо мотивирани и подготвени а резултатот беше освојување на 2-рото место од страна на ученичката Јована Котевска која истото го делеше со ученичка од ОУ„Мирче Ацев“, додека ученикот Петар Колевски го освои третото место. Со ова и двајцата ученици се квалификуваа за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 18.04.2015 год. во ОУ„Лазо Ангеловски“ нас. Аеродром.
Резултатите можат во целост да се видат на следниот линк:




Saturday, April 4, 2015

УЧЕСТВО НА 56-ТИОТ НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ „ОСВОЈУВАМЕ НОВИ ЗНАЕЊА“

На ден 04.04.2015 година во просториите на ООУ ,, Љубен Лапе - општина Аеродром, Скопје, се одржа 56-тиот Натпревар на млади техничари и природници, организиран од Сојузот на клубови за млади техничари и природници на Македонија и СЗТКМ – Народна техника. На Регионалниот натпревар учество земаа повеќе основни училишта од Скопскиот регион. Едно од нив беше и ООУ „Тихомир Милошевски, предводено од наставникот по техничко образование Зоран Стаменковиќ, како и наставничката по хемија Верче Маневска Стефанова и наставничката по физика Александра Петковска. Во прилог се неофицијалните резултати од натпреварите во дисциплините во кои учество земаа учениците од
 ООУ „Тихомир Милошевски.

                  АВТОМАТИКА
1 МЕСТО: Никола Дамјановски (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА
1 МЕСТО: Ангела Мирческа (ментор Александра Петковска)
                СООБРАЌАЈНО МОДЕЛАРСТВО
1 МЕСТО: Росана Тошевска (ментор Зоран Стаменковиќ)
                АГРОТЕХНИКА
2 МЕСТО: Росана Дабевска (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ГРАДЕЖНИШТВО-АРХИТЕКТУРА
2 МЕСТО: Ѓорѓи Ташковски (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
2 МЕСТО: Жарко Младеновски (ментор Зоран Стаменковиќ)
                АСТРОНАУТИКА
3 МЕСТО: Дино Кулеванов (ментор Александра Петковска)
                ВОЗДУХОПЛОВНО МОДЕЛАРСТВО
3 МЕСТО: Ангела Дукоска (ментор Зоран Стаменковиќ)
                КОНСТРУКТОРСТВО
3 МЕСТО: Ѓоре Стојанов (ментор Зоран Стаменковиќ)
                РАДИОТЕХНИКА
3 МЕСТО: Анастасија Тадиќ (ментор Зоран Стаменковиќ)
                РАКЕТНО МОДЕЛАРСТВО
3 МЕСТО: Ана Бошковска (ментор Зоран Стаменковиќ)
               КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА
4 МЕСТО: Небојша Спасиќ (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ФОТОТЕХНИКА
6 МЕСТО: Никола Сарафимов (ментор Зоран Стаменковиќ)
                АСТРОНОМИЈА
7 МЕСТО: Сандра Сибиновска (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ПРИМЕНЕТА ФИЗИКА
7 МЕСТО: Тамара Ставреска (ментор Александра Петковска)
                ПРИМЕНЕТА ХЕМИЈА
7 МЕСТО: Анастасија Јорданова (ментор Верче Маневска Стефанова)     
                БРОДОМОДЕЛАРСТВО
8 МЕСТО: Сандра Дукоска (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ЕКОЛОГИЈА
8 МЕСТО: Славјана Дејановиќ (ментор Зоран Стаменковиќ)
                ПРИМЕНЕТА БИОЛОГИЈА
8 МЕСТО: Теона Крстевска (ментор Анета Божиновска)



Првонаградениот во областа АВТОМАТИКА: Никола Дамјановски VII В одделение



Првонаградената во областа ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА: Ангела Мирческа VI A одд.










Второнаградената во областа АГРОТЕХНИКА: Росана Дабевска IX Б одд.







Третонаградената во областа РАКЕТНО МОДЕЛАРСТВО: Ана Бошковска V Б одд.





Нестрпливо чекаме резултати...


                            

Се враќаме среќни и задоволни од постигнатите резултати со ветување дека до следната година ќе освоиме нови знаења и подобри резултати.

Thursday, April 2, 2015

ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ МЕЃУ ООУ ,, ТИХОМИР МИЛОШЕВСКИ “ с. Ново Село, општина Ѓорче Петров и ОУ ,, ДРИТА “ с. Рашче, општина Сарај

На денот на патрониот празник на нашето училиште ООУ ,, Тихомир Милошевски ”, 01.04.2015 година, беше потпишан Меморандумот за соработка меѓу нашето училиште, предводено од директорката Калина Апостолова и ОУ ,, Дрита од с. Рашче, општина Сарај. Дел од тимот за Меѓуетничка интеграција во образованието, предводен од директорот на партнерското училиште, Шабан Ковачи, заедно со наставници и ученици од ОУ ,, Дрита присуствуваа на свечената приредба по повод патрониот празник на ООУ ,, Тихомир Милошевски и земаа активно учество во програмата. Средбата и потпишувањето на меморандумот беа искористени за прецизирање на активностите меѓу двете партнерски училишта кои ќе бидат дел од Меѓуетничка интеграција во образованието, а кои ќе се реализираат во периодот што следи.





Wednesday, April 1, 2015

ПАТРОНАТ НА ООУ „ТИХОМИР МИЛОШЕВСКИ“

На 01.04.2015 година во спортската сала ,, Христо Батанџиев се одржа свечената прослава по повод патрониот празник на ООУ ,, Тихомир Милошевски од с. Ново Село. На приредбата беа поканети и присуствуваа претставници од општината Ѓорче Петров, директорите на општинските основни училишта, претставници од партнерското училиште ОУ ,, Дрита од с. Рашче, родители, ученици и останати гости. Овогодинешната програма за свечената приредба беше посветена на темата ,, Традицијата – Темел на современоста. Во празнично одбраниот концепт имаше прекрасен избор на танци, игри и песни, меѓу кои вредат да се спомнат хорските музички изведби, инспиративната кореографија на песната ,, Две лири , впечатливиот сплет од македонски ора, како и драматизацијата на ,, Бегалка , проткаени со уникатна кореографија и раскошна костимографија. Свечената прослава на патрониот празник на нашето училиште претставуваше извонреден меѓуетнички спој меѓу ООУ ,, Тихомир Милошевски предводено од директорката Калина Апостолова и ОУ ,, Дрита од  с. Рашче предводено од директорот Шабан Ковачи, кои го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу двете училишта. Со изведба на песната Be my brother – Биди ми брат од Бени Шаќири, учениците од двете училишта на дело покажаа дека музиката и детската игра не познаваат граници, етнички и религиски бариери.