.

.

Monday, March 30, 2015

ЛОКАЛЕН НАТПРЕВАР ПО СПЕЛУВАЊЕ ПО ПОВОД ПАТРОНАТОТ НА ООУ „ТИХОМИР МИЛОШЕВСКИ“

На ден 30.03.2015 година, во просториите на OOУ „Тихомир Милошевски“ по повод Патрониот празник на училиштето,  се одржа локалниот  натпревар во спелување “Spelling Bee“ во организација на наставничките по англиски јазик: Трајанче Воинова, Вецка Спасова и Љубица Тримоска. За непречено одвивање на натпреварот помогнаа и психологот Ирена Мирческа и наставничката по физика Александра Петковска .  
Учество зедоа 69 ученици од V до IX одделение. Истите беа подготвувани од нивните наставници и ментори, Трајанче Воинова, Вецка Спасова и Љубица Тримоска неколку недели  пред натпреварот.
 Учениците кои се квалификуваа ќе учествуваат на регионалниот натпревар во спелување (Regional Spelling Bee) и од таму имаат можност доколку се квалификуваат да учествуваат и на Националниот натпревар по спелување (National Spelling Bee)  на ниво на цела Република Македонија кој ќе се одржи во просториите на факултетот American Colledge.

СЛЕДНИТЕ УЧЕНИЦИ СЕ КВАЛИФИКУВАА ЗА REGIONAL SPELLING BEE 2015

5 ОДД.
1.                   ФИЛИП АНДРЕВСКИ  5А
2.                   ЈОВАНА КОТЕВСКА  5А
3.                   ВИКТОР СИДОРОСКИ 5А
4.                   ЈОАНА СУКЛЕВСКА  5А
5.                   ПЕТАР КОЛЕВСКИ  5Б
6.                   ЕВА РИСТОВСКА  5Б
7.                   ВИКТОР СТОЈКОВСКИ 5Б

6 ОДД.

1.                   АНГЕЛА МИРЧЕСКА    6А
2.                   АНАСТАСИЈА САЗДОВСКА  6А
3.                   БЛАЖЕ СУКЛЕВСКИ   6А
4.                   БОРИС ТРАЈКОВСКИ   6А
5.                   АНА ЦВЕТКОВИЌ   6А
6.                   НИКОЛА САРАФИМОВ   6Б
7.                   СТЕФАН СТОЈКОВСКИ   6Б
8.                   ТЕА ТРИМОСКА   6Б

7 ОДД

1.                   ИВА ПАНЧЕВСКА  7В
2.                   ИВОНА СПИРОВСКА  7В
3.                   ХРИСТИНА ТОДОРОВСКА  7В

8 ОДД.

1. МАГДАЛЕНА ЃУРЕВСКА










Tuesday, March 24, 2015

ПОСЕТА НА КИНО CINEPLEXX

На ден 23.03.2015 година, 60-тина ученици од VI, VII, VIII и IX одделение заедно со одговорните наставници Александра Петковска, Вецка Спасова, Гордана Менкиноска, Трајанче Воинова, Тања Крстевска и Љубица Тримоска, како и педагогот Валентина Брњарчевска и психологот Ирена Мирческа од ООУ ,, Тихомир Милошевски го посетија киното Cineplexx. Во киното беше прикажуван филмот      ЌЕ БИДЕМЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ, во кој учество имаа и македонските актери Сашко Коцев и Тони Михајловски. Учениците имаа можност низ призмата на главните ликови да го следат развојот и животниот пат на ентузијастите кои со својата професионалност, идеи и напори го оствариле својот сон – првиот златен медал на Светско првенство во кошарка. Посетата на киното беше изведена со цел развивање интерес и љубов спрема филмската уметност, подигнување на свеста за седмата уметност – филмот, како и мотивирање на учениците за поголеми спортски успеси.




Wednesday, March 18, 2015

Учество на HIPPO COMPETITION (Меѓународен натпревар по англиски јазик)

На 14.03.2015 год. учениците од ООУ„Тихомир Милошевски“, Скопје, учествуваа на меѓународниот натпревар по англиски јазик - Hippo competition кој се одржа во просториите на ОУ „Александар Македонски“, Ново Лисиче. Учениците се натпреваруваа во 3 категории, Hippo 1 – 6 одд,  Hippo 2 - 7 и 8 одд. и Hippo 3 – 9 одд. 
Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени до 04.04.2015 год. на следниот линк  http://www.hippo-competition.org/ а финалето на натпреварот ќе се одржи во Италија на 9 и 10.05.2015 год. Менторите на учениците, наставничките по англиски јазик:  Љубица Тримоска, Трајанче Воинова и Вецка Спасова беа ангажирани како тестатори и придонесоа за непречено спроведување на натпреварот. Следните ученици учествуваа на натпреварот:

VI-одд.
1.                  Кузман Каранфилоски      
2.                  Никола Сарафимов         
3.                  Стефан Стојковски          
4.                  Суклевски Блаже             
5.                  Мирческа Ангела             
6.                  Трајковски Борис             
7.                  Ристовски Зоран       
                                    Ментор: Љубица Тримоска       
 VII-одд.
                                  
8.                  Ива Панчевска
9.                  Лука Крстевски
10.               Ангела Трајаноска
11.               Стефан Стојановски                            
                                   Ментор: Трајанче Воинова
VIII-одд.
12.              Николина Љубеновиќ       
13.              Алек Павловски                 
14.              Матеја Стојановиќ             
                                    Ментор: Вецка Спасова
IX-одд.
15.              Небојша Спасиќ             
16.              Мери Вељаноска           
17.              Марија Ангеловска        
18.              Сандра Сибиновска       
19.              Павел Апостолов           
                                         Ментор: Љубица Тримоска

Wednesday, March 4, 2015

Пакомак - „3Д ЕКОБУС“

На 26 и 27.02.2015 год. ООУ „Тихомир Милошевски“ беше дел од новиот училишен проект на Пакомак  - „3Д ЕКОБУС“ во кој беа опфатени учениците од прво до петто оделение. Станува збор за 40-минутна 3Д интерактивна обука со предавање кое го изведе познатиот ТВ водител на детска емисија  Ивце Пивце, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест, кои се одвиваа во рамките на еколошкиот автобус, стациониран во близина на училиштето. Целта беше преку забавна и интерактивна програма децата да се здобијат со знаење и да изградат личен позитивен однос кон одделното собирање на отпадоците.
По завршувањето на 40 минутната програма во 3Д екобусот, сите деца добија на подарок семе од цвеќе кое ќе може да го засадат во својот дом или училиште за да помогнат да имаме повеќе зеленило во природата. На подарокот, односно на летокот што го добија заедно со семето, залепен е уникатен код. Овој код децата ќе може да го внесат на веб-страницата на Пакомак за да се регистрираат за учество во екоквизот на компанијата и да се натпреваруваат за интересни подароци.
Целта на овој проект е да им помогне на децата да формираат навики за секојдневно одговорно однесување кон околината.



Sunday, March 1, 2015

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

На ден 28.02.2015 година, во просториите на ООУ ,, Ѓорче Петров се одржа општинскиот натпревар по математика за учениците од основните училишта. На натпреварот учество земаа следниве  ученици од ООУ ,,Тихомир Милошевски: Блаже Суклевски од VIа одделение со наставничката Жаклина Смилеска, Анастасија Т. Костоска од IV б одделение (прво место) со наставничката Марија Л. Ѓоргиевска ,  Ања Стојановиќ од IV а одделение (пофалница)со наставничката Емилија Цепевска, Тамара Спасиќ од V а одделение и Петар Колевски од V б одделение (трето место).