.

.

Wednesday, February 11, 2015

Училишен литературен конкурс на тема „Ајде да се сакаме“

По повод празникот св. Валентин - Денот на вљубените во ООУ„Тихомир Милошевски“ од 5.02.2015 до  10.02.2015 се одржа училишен литературен конкурс на тема „Ајде да се сакаме“. Учествуваа учениците од четврто до деветто одделение со лични лирски творби а комисијата беше составена од наставничките по македонски јазик Тања Крстевска и Гордана Менкиноска и наставничката од одделенска настава Даниела Сарафимова. Беа доделени следниве награди: 
1 место-Ангела Дукоска 9б одд. и  Мери Вељаноска 9б одд.
2 место-Марија Ангеловска 9б одд. и Сандра Сибиновска 9б одд.
3 место-Сара Стојковска 7а одд. и Зоран Ристески 6а одд.

Пофалници добија: Анастасија Јордановска 9б одд.
                                  Ивона Спировска 7в одд.
                                  Росана Дабевска 9б одд.







Посета на ресторан “Ада- Сарај“

Учениците кои го изучуваат предметот Вештини за Живеење во VII  одделение, заедно со наставничките Силвана Ѓорчевска и Вецка Спасова, го посетија ресторанот Ада во Сарај, со цел примена  на Бонтон при јадење – однесување во ресторан . 





Thursday, February 5, 2015

Посета на противпожарна станица Ѓорче Петров

Учениците од 7 одд. што го изучуваат предметот Вештини за живеење заедно со наставничките Силвана Ѓорчевска и Вецка Спасова на 04.02.2015 год. ја посетија противпожарната станица Ѓорче Петров. Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со причините за настанување пожари, како да се спречат и заштитат од истите и како да се однесуваат во случај на пожар. Исто така учениците  се запознаа со изгледот и функционирањето на противпожарното возило како и со заштитната работна облека на  пожарникарите  а еден од учениците имаше можност да ја облече и презентира истата на соучениците. Учениците внимателно го слушаа пожарникарот кој објаснуваше а исто така и исцрпно ги одговараше  прашањата кои учениците имаа можност да ги постават. 




Wednesday, February 4, 2015

Посета на Спомен куќата на Мајка Тереза

Учениците од VII Г одделение од ООУ ,, Тихомир Милошевски со наставничката Силвана Савевска, во склоп со годишната програма за работа на Етичкиот клуб , на 03.02.2015 година ја посетија Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Учениците имаа можност, одблизу да се запознаат со внатрешноста на Спомен куќата во која добија и дополнителни информации поврзани со животот, учењето и хуманоста на познатата Мајка Тереза.