.

.

Friday, January 30, 2015

Посета на издавачка куќа ,, Матица“


 Зимски саем на книгата
28.01.2015 година


Учениците од VI до IX одделение од ООУ ,, Тихомир Милошевски , во организација на наставничките по македонски јазик Гордана Менкиноска и Тања Крстевска ја посетија издавачката куќа ,, Матица . Мотото на 15-тиот саем на Клуб Матица и оваа година беше ,, Книга во секој дом. Учениците имаа можност да разгледаат повеќе од 3000 наслови на книги од повеќе од 1000 автори. Целта на посетата беше развивање љубов спрема книгата и стекнување навика за купување и читање книги. Преку оваа посета кај учениците се создава навика за посета на саеми за книги и за купување и читање на нови изданија.







      






Monday, January 26, 2015

Посета на компанијата ЈОГО МЕРКУР

Учениците од IX А и IX Б одделение со одделенските раководители Силвана Савевска и Зоран Стаменковиќ, на 24.01.2015 година ја посетија компанијата ЈОГО МЕРКУР која се занимава со промет на млечни производи. Во состав на компанијата работи и производствениот погон – млекарницата   ,, МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА ОСОГОВО МИЛК , која е лоцирана на падините на Осоговските планини, поточно во селото Соколарци во непосредна близина на Кочани. Учениците имаа несекојдневна можност, одблизу да се запознаат со природните карактеристики на регионот, кои се основа за добивање квалитетна суровина од која понатаму се произведуваат Осоговските млечни производи. Кај учениците, особен интерес предизвика процесот на производство на млечните производи со помош на модерната технологија и мајсторите со долгогодишно искуство, препознатливи по својата оригиналност и карактеристичен вкус и арома.