.

.

Monday, May 25, 2015

ПОСЕТА НА САЕМОТ НА КНИГАТА

Како и секоја година, така и оваа година, учениците од ООУ ,, Тихомир Милошевски заедно со наставничките по македонски јазик Гордана Менкиноска и Тања Крстевска и по англиски јазик Љубица Тримоска, го посетија 27-тиот, по ред САЕМ НА КНИГАТА 2015. САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата, обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. Учениците и наставничките имаа можност да ги следат промоциите на најновите изданија на голем број домашни и странски издавачки куќи и да се запознаат со некои автори. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.



Sunday, May 3, 2015

ПОСЕТА НА ЈП „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“, СКОПЈЕ

На ден 30.04.2015г. учениците од 5а и 5б одделение заедно со наставничките Вера Костоска,  Даниела Сарафимова  и наставничката по англиски јазик Вецка Спасова реализираа посета на ЈП  Паркови и зеленило, Скопје.
           Целта беше учениците да се запознаат со  различните видови растенија особено цвеќиња,  да дознаат информации за нивното произведување и намена, да развијат љубов кон растенијата,  да стекнат познавања за нивните називи на англиски јазик а воедно и да се запознаат со дејноста и местоположбата на јавното претпријатие Паркови и зеленило. Учениците беа презадоволни со тоа што го видоа и дознаа за време на посетата и пројавија интерес поставувајќи им прашања на вработените кои пак несебично и стручно им пренесоа на учениците дел од своите знаења.













ПОСЕТА НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ

На ден 30.04.2015г. учениците од 4а, 4б, 5а и 5б одделение заедно со наставничките Емилија Цепевска, Марија Л. Ѓорѓиевска, Вера Костоска, Даниела Сарафимова  и наставничката по англиски јазик Вецка Спасова реализираа посета на Зоолошката градина  во Скопје.
           Целта беше учениците да се запознаат со  различните видови животни,  да дознаат информации за нивниот начин на живот и карактеристики, да развијат љубов кон животните,  да стекнат познавања за нивните називи на англиски јазик а воедно и да се дружат и рекреираат со соучениците надвор од училишните клупи. Учениците беа презадоволни од посетата и пројавија интерес повторно да ја посетат Зоолошката градина.






Thursday, April 30, 2015

Државен натпревар на млади техничари и природници

На 18.04.2015 година, во ООУ ,, Благој Кирков - Велес се одржа 52-от Државен натпревар на млади техничари и природници. На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта од државата кои се натпреваруваа во повеќе од 20 дисциплини. Меѓу нив беа и учениците од ООУ ,, Тихомир Милошевски , предводени од менторите Зоран Стаменковиќ и Александра Петковска и психологот на училиштето Ирена Мирческа. Како на Регионалниот натпревар, така и на Државниот натпревар на млади техничари, учениците од ООУ ,, Тихомир Милошевски беа меѓу најуспешните натпреварувачи освојувајќи по неколку златни, сребрени и бронзени медали.

СООБРАЌАЈНО МОДЕЛАРСТВО
1 МЕСТО: Росана Тошевска
ВОЗДУХОПЛОВНО МОДЕЛАРСТВО
1 МЕСТО: Виктор Трпевски
3 МЕСТО: Ангела Дукоска
РАДИОТЕХНИКА
1 МЕСТО: Слободанка Трајковска
2 МЕСТО: Анастасија Тадиќ
АГРОТЕХНИКА
2 МЕСТО: Росана Дабевска
АВТОМАТИКА
3 МЕСТО: Никола Дамјановски
РАКЕТНО МОДЕЛАРСТВО
3 МЕСТО: Петар Ристевски
ГРАДЕЖНИШТВО-АРХИТЕКТУРА
4 МЕСТО: Ѓорѓи Ташковски
ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
6 МЕСТО: Жарко Младеновски
КОНСТРУКТОРСТВО

8 МЕСТО: Ѓоре Стојанов





















Monday, April 27, 2015

УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

Под менторство на наставничката Анета Божиновска, учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“ учествуваа на вториот регионален натпревар по Биологија оддржан на 25.04.2015. 
Учениците ги постигнаа следните резултати:
  1. Ангела Андревска, VII 2ро место
  2. Јелена Стојмановиќ VII 3то место
  3. Дајана Крстеска VII и Тамара Конева  3то место
  4. Емилија Василевска VII 3то место
  5. Ива Панчевска VII 3то место
  6. Матеја Стојановиќ  VIII - пофалница
  7. Ивона Спировска VII- пофалница
  8. Матеј Миновски VII - пофалница 

Monday, April 20, 2015

Реализирана претстава на учениците од Средното Музичко Балетско училиште ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“

На ден 17.04.2015 год во просториите на ООУ ,, Тихомир Милошевски “ се реализира претстава на учениците од Средното Музичко Балетско училиште ДМБУЦ ,, Илија Николовски – Луј “, на кое посетители беа учениците од VIII и IX одделение. Учениците направија презентацијата на образовниот профил ,, Традициски играч – пејач ”. На претставата  учениците имаа можност да видат изведба на традиционални македонски ора, како „Копачка“ кое е запишано во репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство за нашата татковина во УНЕСКО. Исто така беа презентiрани и песни во изведба на средношколците, пропратени со традиционални инструменти, кои се обележје на традицијата и заедништвото на Македонскиот народ. По музичката изведба следуваше дискусија околу народните инструменти и народните ора, кои се дел од нашето минато кое продолжува да се негува и понатаму.
http://www.opstinagpetrov.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3447:prestavav&catid=1:novosti

РЕГИОНАЛEН НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

На ден 18.04.2015г.  во ОУ „Лазо Ангеловски“, нас. Аеродром, се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик за 5-то и 9-то одделение во организација на  Здружението на наставници по англиски јазик на Р. Македонија, ЕЛТАМ. На натпреварот  учествуваа  учениците Јована Котевска (5 а одд) и Петар Колевски (5б одд.) менторирани од наставничката по англиски јазик Вецка Спасова. Учениците имаа можност да се запознаат, дружат и натпреваруваат со другарчиња од  основните училишта од целиот скопски регион додека наставничката беше вклучена во прегледување на тестовите од учениците од 9 одд. со што придонесе за реализацијата на натпреварот.  Иако учениците не се квалификуваа за државниот натпревар, се збогатија со едно ново искуство и се мотивираа за понатамошно усовршување на англискиот јазик. Резултатите од натпреварот може да се видат на следниот линк:





Wednesday, April 8, 2015

ПОСЕТА НА АМЕРИКАНСКОТО КАТЧЕ ВО СКОПЈЕ

На ден 08.04.2015г. триесетина ученици од 6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то одделение заедно со наставничките по англиски јазик Трајанче Воинова, Вецка Спасова и Љубица Тримоска реализираа посета на Американското катче во Скопје. Целта беше учениците да се запознаат со придобивките од членството во ова катче како и активностите кои се организираат.  Волонтерката од мировните сили во Македонија, Кејти Бурк, организираше интересна игровна активност за учениците – предизвик за цртање со превез,  која беше прифатена од учениците со голем ентузијазам. Учениците беа мотивирани да ги применат стекнатите комуникациски вештини на англиски јазик, да научат нови зборови  и да се забавуваат цртајќи вонземјани, небо, членови од семејството, животни на фарма итн. со превез на очите. Учениците беа презадоволни од посетата и пројавија интерес да се зачленат и почесто да го посетуваат ова катче.











Sunday, April 5, 2015

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА 5 ОДДЕЛЕНИЕ

На ден 04.04.2015 год. во организација на Асоцијацијата на наставниците по англиски јазик од Македонија – ЕЛТАМ, во ОУ „Блаже Конески“ нас. Аеродром се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за учениците од 9 –то  одд.  кој  за првпат оваа година се организираше и за учениците од 5-то  одделение.

На овој натпревар учествуваа учениците Петар Колевски од 5б одд. и Јована Котевска од 5 а одд  од  ООУ„Тихомир Милошевски“.  Учениците ги менторираше наставничката по англиски јазик Вецка Спасова која воедно беше вклучена во прегледувањето на тестовите за 9-одд со што придонесе за непречено и успешно реализирање на натпреварот. Учениците беа високо мотивирани и подготвени а резултатот беше освојување на 2-рото место од страна на ученичката Јована Котевска која истото го делеше со ученичка од ОУ„Мирче Ацев“, додека ученикот Петар Колевски го освои третото место. Со ова и двајцата ученици се квалификуваа за учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 18.04.2015 год. во ОУ„Лазо Ангеловски“ нас. Аеродром.
Резултатите можат во целост да се видат на следниот линк: