.

.

Wednesday, April 23, 2014

Посета на скопскиот Саем на книгата

Учениците од литературната секција на училиштето  како и други ученици од другите секции изведоа заедничка посета на скопскиот Саем на книгата којшто се одржува секоја година во април. Посетата на Саемот на книгата имаше цел да се развие  љубовта на учениците кон книгите ,а воедно тие имаа можност и да видат кои се најновите издадени книги. Секој ученик понесе по некоја книга за дома и имаше можност да го посети штандот на „Детска радост“ каде што можеа да се запознаат одблизу со еден од омилените детски автори - Горјан Петревски.



Thursday, April 17, 2014

ОД СЕМКА ДО ДРВО Засадено најстарото дрво на светот


Во ООУ ,,Тихомир Милошевски, Скопје, под водство на Г-дин Томе Стојановски се засади најстарото и најлековитото дрво во светот - GINKGO.
Вредните раце на учениците од 3 одделение засадија 40 изртени семчња на најстарото дрво.
Г-дин Томе Стојановски несебично им го пренесе своето знаење на учениците за значењето на дрвото, како се сади и која е неговата моќ. Децата беа водушевени од практичната презентација.