.

.

Friday, March 21, 2014

КУЌИЧКИ ЗА ПТИЦИ - Домашна работилница

Учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“ Скопје, денот на пролетта 21 МАРТ го дочекаа со куќички за птици. Овие креации на учениците го разубавуваат училишниот двор.






Thursday, March 13, 2014

Посета на полициската станица „Ѓорче Петров“

Полициската станица „Ѓорче Петров“ ја посетија учениците од осмо одделение од ОУ „Тихомир Милошевски“. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со работата на полицијата и примена на сознанијата при изучување на предметот граѓанско образование. Помошник-командир Златко Цветковиќ одржа предавање за работата на Министерството за внатрешни работи, за тоа што значи да се биде полицаец, кои се работните задачи, како се опремени и како може да се пријави проблем во полиција.
Секој ученик доби и пропаганден материјал од проектот „Скопје - град без насилство“, како и училишни прирачници „Реонскиот полицаец ве советува“.