.

.

Wednesday, February 26, 2014

Соработка со Црвениот крст на Град Скопје

Учениците од основното училиште „Тихомир Милошевски“ во соработка со Црвениот крст на Град Скопје организираа хуманитарна акција за две семејства од општина Ѓорче Петров кои живеат во супстандардни услови и без никакви средства за егзистенција.
За таа цел, децата од ОУ „Тихомир Милошевски“ заедно со наставниците и претставниците од Црвениот крст донираа облека, прехранбени производи, собраа и парични средства. Родителите донираа мебел.
Директорката Калина Апостолова на сите им порача да бидат хумани, да донираат кога се во можност бидејќи така ќе им помогнат на оние на кои тоа им е најопходно.