.

.

Thursday, November 13, 2014

Општински литературен конкурс

На Општинскиот литературен конкурс ,,СКОПЈЕ РАДОСТ ТИ НИ НУДИШ“ учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“- Скопје освоија едно прво и две втори места.


Friday, October 31, 2014

Посета на Аеродромот „Александар Велики“

Учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“ - Скопје  по втор пат го посетија  скопскиот аеродром ,,Александар Велики“. Советот на родители, на иницијатива и организација на родител од советот, во соработка со училиштето ја овозможија оваа посета.



Tuesday, October 28, 2014

УЧЕСТВО ВО „ГОЛЕМ ОДМОР“

Учениците од ООУ „Тихомир Милошевски“ ги покажаа своите вештини и знаења со своето учество во образовната емисија на Македонската Радио Телевизија „ГОЛЕМ ОДМОР“











Friday, October 24, 2014

Посета на библиотека ,,Другарче“

Учениците од литературната секција на училиштето  како и други ученици од другите секции изведоа заедничка посета на библиотеката ,,Другарче“ каде што проследија филмска проекција ,,Јас сум број 4“ којашто беше соодветна за детската возраст. Следењето на филмска проекција имаше цел да се применат знаењата од подрачјето Медиумска култура кои се изучуваат на часот по македонски јазик, но воедно и да се развие  љубовта на учениците кон седмата уметност. Во оваа активност се вклучија и учениците од јазичните секции-англиската и француската со наставничките Дилба Исакоска и Љубица Тримоска.



Thursday, October 16, 2014

УЧЕСТВО НА ЧЕТВРТИОТ ФЕСТИВАЛ НА СОЧНИ ФИГУРИ - SLOW FOOD

Ученици од основните училишта од општината Ѓорче Петров по повод светскиот ден на храната - 16 Октомври зедоа учество на четвртиот фестивал на сочни фигури под мотото „Здрави навики преку здрава исхрана“. Манифестацијата се одржа во дворот на ДСУ „ Св. Наум Охридски“. Работилница, галерија и едукативно предавање за темата на проектот беа главните целини на фестивалот. Најмладите имаа можност да научат нешто повеќе за употребата на здравата храна преку изработката на фигури од овошје и зеленчук од наше потекло. И како најважна цел беше дружбата на учениците од различни етнички заедници како и прифаќањето на децата кои имаат потреба од малку поголемо внимание, отколку од другите. Учениците својата бујна фантазија ја преставија преку изработка на разни креации како кафез со папагал , Гарфилд, брод, пингвин сите изработени од овошје и зеленчук. 
На крајот трудот беше награден со посебно признание за освоено второ место на ОOУ„Тихомир Милошевски“ од општината Ѓорче Петров. На менито имаше:
• ежови
• краставица мост со ограда од моркови
• брокула како грмушка
• човече од печурки
• планина од пола зелка, со брокула на неа, набоцкана со чачкалици,
• на планината да има набоцкано и рузмарин
• искршени чачкалици за еж
• на овчарот, стап од пиперка
• чачкалици едно пакетче
• мост од краставица
• магдонос наместо трева
• краставица мост
• зајчиња од печурки
• река ориз
• пајки









Friday, October 10, 2014

ДЕТСКА НЕДЕЛА

Со свечена приредба во ООУ „Тихомир Милошевски“ се одбележа Детската недела. Првачињата  влегоа во Детската Организација и положија свечена заклетва.










Wednesday, April 23, 2014

Посета на скопскиот Саем на книгата

Учениците од литературната секција на училиштето  како и други ученици од другите секции изведоа заедничка посета на скопскиот Саем на книгата којшто се одржува секоја година во април. Посетата на Саемот на книгата имаше цел да се развие  љубовта на учениците кон книгите ,а воедно тие имаа можност и да видат кои се најновите издадени книги. Секој ученик понесе по некоја книга за дома и имаше можност да го посети штандот на „Детска радост“ каде што можеа да се запознаат одблизу со еден од омилените детски автори - Горјан Петревски.



Thursday, April 17, 2014

ОД СЕМКА ДО ДРВО Засадено најстарото дрво на светот


Во ООУ ,,Тихомир Милошевски, Скопје, под водство на Г-дин Томе Стојановски се засади најстарото и најлековитото дрво во светот - GINKGO.
Вредните раце на учениците од 3 одделение засадија 40 изртени семчња на најстарото дрво.
Г-дин Томе Стојановски несебично им го пренесе своето знаење на учениците за значењето на дрвото, како се сади и која е неговата моќ. Децата беа водушевени од практичната презентација.