.

.

Saturday, December 28, 2013

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА под мотото „ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА“

Советот на родители, учениците, Директорот на ООУ ,,Тихомир Милошевски“ Скопје и Советник на Општината од Кисела Јабука,  Дејан Николоски,  го посетија домот без родители „11 Октомври“. На посетата се даруваа 50 пакетчиња за сите 50 дечиња кој живеат во него.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ за хуманоста им беше искажана на родителите и учениците кои преку својата несебичност успеаа барем за миг да изнудат насмевка и малку среќа во очите на овие деца.

















Saturday, December 7, 2013

Уредување на училишниот двор

Средствата собрани од акцијата за собирање стара хартија, Советот на родители на
ООУ „Тихомир Милошевски “ ги употреби за уредување на училишниот двор.
Со уредувањето дворот изгледа како на приложените фотографии.











Wednesday, November 27, 2013

,,ДЕН НА ДРВОТО“ 2013

  • На 27 (среда) ноември во училиштето се одржа  акцијата ,,Денот на дрвото“ во која училиштето обезбеди чемпреси кои беа засадени покрај оградата и позади школото. Во акцијата најголемо учество земаа наставниците и учениците кои несебично и покрај ладното време ги засадија дрвцата.











Monday, April 1, 2013

Претстава ,,Чорбаџи Теодос“ -В.Иљоски

По повод патронатот на училиштето учениците од литературната секција одиграа скратена верзија од драмата ,,Чорбаџи Теодос“ од авторот Васил Иљоски. Приредбата беше одиграна во холот на училиштето и покрај учениците од драмската секција во  претставата земаа учество и хорот на училиштето  како и ученици што членуваат во играорната група во училиштето.